Избор Струга Хроника

СВР Охрид: Малолетното девојче падна од петтиот кат од стан на улицата „ЈНА“ во Струга

Струга, 21. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Полициската станица во Струга, денес во 12:20 часот е примено телефонско известување од ЈЗУ „Општа болница“ Струга за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година во Струга, информираат од СВР Охрид.

– По добивање на информацијата, формирана е увидна екипа и известен е Јавен обвинител по што излезено е на местото на настанот, поточно на улицата „ЈНА“ во Струга. Притоа, констатирано е дека малолетното девојче била во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат по што во еден момент ја снемало од собите во станот. Откако мајката го забележала тоа, започнала да ја бара низ станот, но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хириргија при Општата болница во Струга. Таму била констатирана смрт а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството, стои во официјалното соопштение од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука