Избор Охрид

Метео: Во Охрид денес облачно време со локален дожд, од петок повисоки температури

Охрид, 26. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во јужните делови облачно со пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток.

УВ индексот ќе биде 5, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 17. степени.

– Под влијание на циклонска активност до четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. Најобилни врнежите ќе бидат во јужните и југоисточните делови, каде од целиот бран на повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а локално и над 75 л/м2 дожд. Од петок времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави