Лондон, 26. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот чешки тенисер Томаш Бердих нема да настапи на Грен Слем турнирот Вимблдон кој во јули ќе се игра на тревна подлога.
Бердих, кој во 2010 играше финале на овој турнир, соопшти дека мора да го откаже настапот на еден од најпрестижните турнири во тенисот поради болки во грбот.
„Се борам со болки во грбот веќе неколку месеци. Направив се и се обидов да бидам подготвен да учествувам, но нема подобрување на состојбата“, соопшти Чехот.
Бердих, кој има 32 години, се наоѓа на 19-тото место на АТП-листата. (Крај)
извор: Гол.мк фото: архива
Прочитано: 38