Избор Охрид

Нивото на Охридското Езеро денес на 693,77 мнв, 2 сантиметри над максималната кота

Охрид, 27. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро денес е на кота од 693,77 метри надморска височина, односно само два сантиметри над максималната граница од 693,75 метри.

На крајот на мај, езерската вода беше на кота од 693,93 мнв, односно 18 сантиметри над максимално дозволената кота. За неполн месец нивото се намали за цели 16 сантиметри.

vodostoj juniСпоред мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, просечното ниво на водата за јуни изнесува 693,67 метри надморска височина.

На реката Црн Дрим кај Ложани е забележано пониско ниво од просекот за јуни.

Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време со врнежи од дожд ќе се задржи до сабота, по што следува период на стабилно и сончево време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави