Спорт

Ракометарките ќе играат полуфинале на Медитеранските игри

Тарагона, 27. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Женската македонска ракометна репрезентација се пласираше во полуфинaлето на Медитеранските игри во Тарагона и покрај поразот до Црна Гора со 28:23  во последниот натпревар од Групата Б.

Во првите две кола ракометарките ги победија Турција и Србија, а победата на Турција против Египет (41-30) дефинитивно ги разреши дилеми околу конечниот пласман.

Црна Гора, која ги одигра сите натпревари е на водечката позиција во групата со 12 бода. Македонија е втора со 6, а зад нив се Турција и Србија со по три и Египет без бодови. Во последното коло, утре Македонија игра против Египет (12 ч.), а во вториот дуел се среќаваат Србија и Турција.

Првите две репрезентации од Групата Б ќе играат полуфинале со првите две селекции од Групата А, најверојатно Шпанија и Словенија. (Крај)

извор: Вечер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави