Избор Охрид

Охридските млади иноватори дел од NASA Space Apps Challenge 2015

Охрид, 8. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од 9-ти до 11-ти април, во просториите на Telekom Innovation Center ќе се одржи глобалниот хакатон NASA Space Apps Challenge 2015, каде учесниците ќе ја имаат можноста во период 48 часа да работат на предизвици поставени од NASA.

Настанот ќе се реализира на 135 локации во светот, а поради одличниот успех од мината година Скопје е координатор на 10 локации и тоа Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Загреб, Белград, Приштина, Тирана, Виена и Љубљана. Интернационалниот настан NASA Space Apps Challenge е дводневен хакатон на кој тимови низ целиот свет, соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации со цел да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.

nasachalenge2

Младите иноватори ќе имаат временски период од 48 часа непрекинато да работат на предизвикот поставен од NASA. Минатата година, тим од Македонија го зема второто место на овој светски познат натпревар. Учесниците ќе имаат можност да соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултети, а во работата ќе им помагаат  и претставници на компаниите и од IT индустријата.

Официјален домаќин и координатор на NASA Space Apps Challenge на сите 10 локации е NewMan’s Business Accelerator, а локален генерален партнер е Амбасадата на САД во Македонија со партнерите Knowbook, Plus One, T- Mobile, IBM, JetBrains, Netcetera, Стопанска Банка АД Скопје, FX3X, Iborn, Haselt и Istyle.

Победничкиот тим од овие 10 локации ќе добие 2 бесплатни карти за учество на Pioneers Festival 2015, кој се одржува во Виена. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука