Избор Охрид Хроника

ОБНОВЕНО: Почината жена пронајдена во стан на улицата „Момчило Јорданоски“

Охрид, 8. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во стан на улицата „Момчило Јорданоски“ утрово е пронајдено безживотно тело на жена.

Како што претходно објавија OhridPress и Супер радио, полицијата ја информирала Охридската противпожарна единица дека треба да интервенира при отворање на заклучената врата од стан каде се претпоставува дека има почината жена, по што пожарникарите веднаш се упатија на терен.

По отворањето на влезната врата била пронајдена почината жена на возраст од 70 години.

Извршен е увид на местото на несреќата и како што дознаваме, нема траги на насилство врз телото на починатата жена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука