Избор Охрид

Охридските средношколци утре ќе излезат на протестен марш

Охрид, 8. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Средношколците од трета и четврта година од Гимназијата „Свети Климент Охридски“ и од Средното стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ утре ќе организираат протестен марш во знак на револт против новиот концепт на државната матура.

Утрешниот марш ќе започне во 13:00 часот од пред Охридската гимназија, а ќе продолжи до градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Средношколците од трета и четврта година денеска потврдија дека продолжуваат со бојкотот на наставата, па така, ниту вчера, ниту денеска не беа на часовите туку во училишните дворови.

– Денеска претпладне и учениците од прва и втора година сакаа да ни се придружат и да ја бојкотираат наставата, но ние успевме да ги убедиме дека не треба да губат од часовите, а од друга страна имаат уште време додека стигнат до матурата. Тие можеби ќе ни се придружат на утрешниот протестен марш, вели средношколец од Гимназијата кој мирно протестира заедно со неговите врсници.

И Охридските средношколци бараат враќање на стариот концепт на државна матура каков што имаше до 2013 година. Според нив, новиот концепт не придонесува за повисок квалитет и повисоки знаења. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави