Избор Свет

Гугл подготвен да плаќа даноци во држави каде прави промет

Калифорнија, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Гугл изрази подготвеност за меѓународен договор со кој ќе се предвиди мултинационални компании да плаќаат повеќе даноци во држави каде прават профит, а не во државата каде се регистрирани.

– Поддржуваме движење кон нови меѓународни и глобални механизми за начинот на кој се воведува данок за мултинационални компании – напиша на блог Каран Батија, висок претставник од американскиот технолошки гигант.

Според него, корпоративниот данок е важно средство за тоа компаниите да дадат свој придонес кон држави и заедници каде се прави бизнис.

– Сакаме да бидеме фискална средина каде луѓето ќе ја сметаат за разумна и соодветна – додава тој.

Батија изрази сомневање дека ако нема меѓународен договор некои држави може да воведат дискриминациски даноци за странски компании во различни сектори. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави