Избор Култура

Со целовечерен концерт на „Танец“ утревечер се отвора 58-от Балкански фестивал на народни песни и игри

Охрид, 4. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со дефиле на учесниците и целовечерен концерт на ансамблот „Танец“, утревечер на сцената Долни сарај ќе биде отворено 58-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, што ќе трае до 8-ми јули.

Веќе прерасна во традиција со целовечерен концерт на нашите фолклорни амбасадори, националниот ансамбл „Танец“ да биде отворена оваа манифестација. Годинашниот настап ќе биде ексклузивен и посебен заради чествувањето на јубилејната година, 70 години од формирање на ансамблот, дел од сезоната којашто се одвива под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“.

И оваа годна љубителите на фолклорот ќе уживаат во настапите покрај на домашните и на ансамбли и културно-уметнички друштва од Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Новитет оваа година е прикажувањетро на етно филмови, што ќе се прикажуваат на 6-ти, 7-ми и 8-ми јули.

– Фестивалот е под покровителство на Собранието, па утревечер фестивалот ќе го отвори претседателот Талат Џафери. На 6-ти јули од 18:45 е проекцијата на филмот „Водичарке“. Од 20:30 часот ќе настапат КУД „Костолац” од Костолац – Србија, Ансамбл „Седенчица“ од Пловдив – Бугарија, КУД „Дримкол”од Вевчани – Македонија, КУД „Кочо Рацин” од Кичево – Македонија. На 7-ми јули од 18:45 е проекцијата на филмот „Оплитање”, а на вечерниот концерт ќе настапат КУД „Гоце Маркоски” од Скопје – Македонија, КУД „Љубо Бозанович” од Подгорица – Црна Гора, КУД „Вук Караџич” од Крагујевац – Србија и ФА „Бисери” од Охрид – Македонија. Во понеделник ќе се прикажува филмот „Пишање на невестата”, а фестивалот ќе биде затворен со настапите на Ансамбл „Македонија” од Скопје – Македонија, КУД „Љубо Бозанович” од Подгорица – Црна Гора, Ансамбл „Танц плус фолк” од Елбасан – Албанија, Фоклорно дтудио „Блажески” и ВИС Аманет од Скопје – Македонија, велат организаторите.

Почетокот на настапите ќе биде од 20:30 часот, а влезот ќе биде слободен. Фестивалот е под покровителство на македонското Собрание, а организацијата е овозможена со материјална помош на министерството за култура, општина Охрид и спонзори.

Инаку, Охрид уште од далечната 1962 година е домаќин на денес, една од најстарите и најреномирани културни манифестаци од овој вид кај нас и во Европа. Низ овие 58 години низ неговата програма продефилирале илјадници учесници, а целта на фестивалската манифестација е зближување на младите луѓе, размена на искуства, дружење на Балканските земји и негување на фолклорните богатства на различните народи. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ и ЦИОФФ на најзначајни фолкорни манифестации во светот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука