Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Уметникот Славко Упевче одбележува 50-години ликовна хроника на Охрид

Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Куќата на Робевци во Охрид, во организација на Националната установа Завод и музеј од Охрид, вечерва ќе се одбележат два значајни настани.

Предвидено е одбележување на 40-годишнината од запишувањето на „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“ на листата на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО (Организација на Обединетите нации за образование, наука и култура).

– Во рамките на настанот ќе се одржи и прослава на „50-години ликовна хроника на Охрид од Славко Упевче“ со Златна монографија и изложба 1969-2019 година. Станува збор за ликовна уметничка ретроспективна изложба на Славко Упевче, по повод 50 годишниот јубилеј од неговата прва самостојна изложба. Ќе се одржи презентација на монографијата и изложба на повеќе од 50 оригинални дела од разни фази на неговото уметничко творештво, информираат организаторите.

Свеченото отворање е во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави