Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Промоција на книгата „Да не бидам покусо“ од Ѕвездан Георгиевски во „Култура 365“

Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Новата културна манифестација ЛУНУС – Летните уметнички ноќи на улица Самоилова, продолжува со своите активности.

Утревечер ќе биде претставена книгата со куси прозни форми од Ѕвездан Георгиевски, насловена „Да не бидам покусо“. Книгата ќе ја претстави Славе Ѓорѓо Димоски. Настанот почнува во 20:00 часот во Културно-информативниот центар „Култура 365“.

Новата културна манифестација ЛУНУС, која ќе трае до крајот на август е во насока на промоцијата на македонски и туѓоземни уметници, како и збогатување на културниот живот во Охрид со нови уметнички содржини, велат иницијаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави