Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Се подигнуваат картичките за движење на возила во Стар град

Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) -Граѓаните од Стар град може да си ги подигнуваат картичките за да може да се движат со возилата.

Од општина Охрид информираат дека жителите кои имаат поднесено барање, а немаат добиено картички за движење со возила во тој дел од градот, треба да се обратат во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици и да ги подигнат картичките.

Од следната недела треба да почне да се применува летниот сообраќаен режим за движење во централното градско подрачје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави