Спорт

Гасол се враќа во Барса?

Барселона, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Шпанската кошаркарска легенда, Пау Гасол, би можел да биде следното големо засилување на Барселона, објавија шпанските медиуми.

Иако има 39 години, кошаркарот неодамна изјави дека нема намера да ја заврши кариерата. Тој е слободен играч откако му истече договорот со Милвоки Бакс. Гасол чека понуда од НБА лигата, но медиумите објавија дека интересна понуда добил од татковината.

Барселона, неговиот поранешен клуб, му нуди ангажман.

Освојувачот на две титули во НБА лигата, играше во Барселона во периодот од 1998 до 2001 година кога се пресели во САД. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука