Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Двајца ракометари на Охрид на поширокиот список на Брестовац за Светското кадетско првенство

Скопје/Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Селекторот на машката кадетска ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот 23 ракометари кои ќе се борат да обезбедат место во национален тим за кадетскиот мундијал.

Меѓу повиканите ракометари се најдоа и ракометарите на Охрид, Мартин Ивановски и Кристијан Димитриески.

Мундијалот ќе се одржува во Скопје, од 5-ти до 18-ти август, а првиот собир на селекторот со ракометарите е закажан за 10-ти јули во Струга.

Кадетската репрезентација на Македонија е во групата Ц заедно со репрезентациите на Аргентина, Нигерија, Јапонија, Бахреин и Данска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави