Избор Култура

Охридска промоција на книгата „Дијамантско Лидерство“ од Виктор Куновски

Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Националната установа, Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, на 11-ти јули со почеток во 18:00 часот ќе биде претставена книгата „Дијамантско Лидерство“ од авторот Виктор Куновски.

Станува збор за дело кое ги открива седумте лидерски едукативни тајни за драматично зголемување на профитот и бизнис перформанси.

– Посветив неколку години во истражување, барајки одговор на прашањата „како некои лидери, тимови и бизниси се далеку попродуктивни, поиновативни и попрофитабилни од останатите?“ – Како и ние да создадеме исклучителни бизниси и економија? Ги истражував најдобрите светски компании, работев на проекти со неколку фантастични консултантски куќи, студирав курсеви за најновите лидерски модели на најдобриот универзитет на планетава – МИТ од Бостон… Учејќи и работејки со најдобрите, открив што прават поразлично. Ги открив нивните тајни формули и методологии за создавање на исклучителни резултати. Сето ова знаење и искуство го преточив во страниците на книгата „Дијамантско Лидерство“, вели Куновски.

Настанот, како што вели авторот, е отворен за охридско-струшката јавност. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука