Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Спортскиот настан „Триатлон“ го отежна движењето кон плажите

Охрид, 6. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Потегот кон најпопуларните плажи и патниот правец од Охрид кон Св. Наум е комплетно блокиран.

Читатели на OhridPress испратија фотографии до нашата редакција и реагираат на одлуката да се блокира единствениот патен правец кон плажите во сред сезона, поради вакви настани.

Денес и утре во Охрид се изведува спортскиот настан „Триатлон“.

Двата настани се одржуваат утре поради што сообраќајот на потегот од кружниот тек пред СРЦ „Билјанини Извори“ до кружниот тек пред влезот за хотелот „Инекс Олгица“ во правец Охрид-Св. Наум ќе ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 07:30 до 16:30 часот. Сообраќајот во двата правци во овој период ќе се одвива по едната коловозна лента. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави