Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 31. степени

Охрид, 7. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.

– Во првите два дена од наредната седмица сеуште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе допринесе да има опаѓање на температурата за 7 до 9 степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави