Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Триатлон европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019 во Охрид

Охрид, 7. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Викендов во Охрид се одржува Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019.

Над 200 учесници од 20 земји, поголемиот дел од нив рекреативци, ќе се натпреваруваат во три дисциплини, трчање, пливање и велосипедизам. Стартот и целта на натпреварите ќе биде на плажата Buffalo Beach.

– Охрид го поставивме како база за триатлон благодарение на природните ресурси со кои располага. Европа го препозна нашиот успех, со ланската организација на овој настан, истакна во емисијата Радио Корнер на Супер радио првиот човек на македонската триатлон федерација Иван Михајловски.

Поради одржувањето на настаните, сообраќајот на потегот од кружниот тек пред СРЦ „Билјанини Извори“ до кружниот тек пред влезот за хотелот „Инекс Олгица“ во правец Охрид – Св. Наум ќе ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 07:30 до 16:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави