Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Даниел Котевски прво засилување на новиот второлигаш Охрид Лихнидос

Охрид, 8. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Новајлијата во второлигашкото фудбалско друштво, Охрид, го претстави првото засилување во летниот преодниот рок. Се работи за голманот Даниел Котевски кој доаѓа од Победа.

Прилепчанецот, кој е младински репрезентативец, со „рибарите“ потпиша едногодишен договор. Котевски ќе биде задолжен за „чиста мрежа“ на мечевите кои следуваат во Втората лига.

Охриѓани подготовките за настапот во Втората лига ќе ги започнат в среда а до тогаш ќе ги претстават новите засилувања кои ќе му се приклучат на екипата.

Второлигашките возбудувања почнуваат на 24-ти август, а Охрид свој претставник ќе има по пауза од седум години. (Крај)

извор: Gol.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави