Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Наградениот филм „Матасари“ на охриѓанецот Илија Пиперкоски од 2012 година од денес достапен на YouTube

Охрид, 9. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Филмот „Матасари“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски, кој во 2012. година ја освои првата награда на Фестивалот за кратки филмови „Тајмшорт“, што се одржа во романскиот град Темишвар, од денес достапен на YouTube.

– Ова е само почеток на серијата мои авторски филмови кои ќе бидат објавени на YouTube, како најава за мојот најнов игран филм „Дедо и внук“ кој се очекува премиера да има за скоро време, вели Пиперкоски.

Image may contain: 1 person, standing, sky, ocean, cloud, outdoor, water and nature

„Матасари“
А беше само една обична вечер во Букурешт…
И тогаш, пропаст…

За предавството, бурниот живот на младите луѓе во Букурешт, кои под влијание на алкохол, дроги, не размислуваат рационално, туку водени од инстинкти и нагони го живеат својот секојдневен живот полн со страсти и гревови, се’ до моментот кога нема простор и време за да се вратат назад и да си ги поправат своите постапки, грешки, искажани зборови.

Човек никогаш не може толку да си го упропасти животот кога сака да го поправи, а не знае ни зошто ни како да го поправи, ниту знае дали тоа е поправување или расипување, особено ако го изгуби својот мир. Во филмот луѓето го добиваат тоа што треба да го добијат, што не е секогаш она што го заслужуваат.

Image may contain: 1 person, standing and text

И затоа:

I drank some whiskey before I left home. I’m walking to their place and can’t stop thinking about it. I smoked a pack of cigarettes and 3 joints today. I drank on the bus without even being aware. I take some k at their place. It will make me feel like hell. I feel like punching her in her bitch face. She keeps pretending nothing happened. At Oana’s, I drink two beers and avoid her as much as I can; her holier-than-thou smile makes me sick, I feel like smashing her face in. Somebody gives me a pill and I walk out of the house. I don’t belong here anymore.

Image may contain: 4 people, people sitting, table and indoor

Image may contain: 4 people, indoor

За филмот „Матасари“, режисерот Пиперкоски ја доби првата награда на Фестивалот за кратки филмови „Тајмшорт“ што во 2012-та година се одржа во романскиот град Темишвар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави