Избор Култура Локална самоуправа

Распишан конкурсот за најдобар расказ на манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Охрид, 9. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, општина Охрид распиша Конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен македонски граѓанин.

Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: За конкурсот за расказ.

Авторското право се докажува со четвртиот примерок. Краен рок за доставување на трудовите е 31-ви јули 2019 година.

Жири комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8-ми август 2019 година.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.

Доставените трудови не се враќаат. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави