Спорт

Казнети Серена, Кирјос и Фоњини

Лондон, 9. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Организаторите на Вимблдон објавија дека им изрекле парични казни на Серена Вилијамс, Ник Кирјос и Фабио Фоњини.

Серена е казнета со 10.000 долри бидејќи ја оштетила тревата на еден од терените во „Ол Ингланд клубот“, пред почетокот на турнирот. Во текот не еден од тренинзите Американката удрила со рекетот во подлогата и ја оштетила тревата.

Поради непримерно однесување во првото и второто коло парично е казнет и контроверзниот Ник Кирјос. Австралиецот вкупно ќе плати 8.000 долари. Кирјос испадна во второто коло од Рафа Надал, а интересно е дека организаторите не го казнија иако самиот призна дека во еден поен намерно со топчето гаѓал во Шпанецот.

Италијанецот Фоњини ги загуби нервите во третото коло против Тенис Сандгрен. Тој ќе мора да плати 3.000 долари бидејќи имал желба „бомба да падне во Вимблдон“. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави