Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Јован Куцин acoustic trio вечерва во Shilla во рамките на „Културолошка иницијатива 5 до 12“

Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат настаните од првото издание на „Културолошка иницијатива 5 до 12“, алтернативно културно лето во Охрид.

Во кафе барот Shilla вечерва од 22:00 часот ќе се одржи жива свирка со Јован Куцин acoustic trio.

No photo description available.

Во рамките на алтернативното културно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“ предвидена е разновидна и богата програма, во која ќе се вклучат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат, свират итн. Организатори се Супер радио и НАТГ „Аматер“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави