Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Атлетичарот Јован Стојоски единствен македонец на Европското атлетско првенство до 23 години во Шведска

Јавле/Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Амбициозниот атлетичар, член на АК „Охрид“, Јован Стојоски е единствен македонски претставник кој обезбеди норма и учествува на Европското атлетско првенство за млади сениори што се одржува во Јавле, Шведска.

Тој денеска ќе трча на 400 метри, а утревечер се квалификациите на 200 метри.

Изминатиот период спринтерот Стојоски постигна повеќе лични, но и национални рекорди на Македонија. Годинава собори 12 лични рекорди, а македонскиот рекорд на 200 метри го соборуваше три пати, последно во Сараево на крајот на јуни со време 21,32 секунди.

Она што го очекува Светско првенство во Катар, Балканијада и атлетски митинг во Скопје.

Денешниот настап на Стојоски може да го следите ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука