Избор Локална самоуправа

Проширен паркингот пред Горна порта

Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со цел да се обезбедат подобри услови за паркирање за жителите и гостите од стариот дел на градот, општина Охрид започна со чистење, проширување и поплочување на паркинг просторот кој е лоциран на потегот пред Горна порта.

Работните активности на терен ги изведува ЈП „Градски гробишта” и истите се очекува да финишираат до понеделник 15-ти јули, кога ќе започне да функционира новиот систем за електронско евидентирање на движењето на возилата во стариот дел на градот.

Воедно, ЈП „Билјанини извори” ги известува граѓаните од овој дел на градот, дека согласно одлуката на Советот на Општина Охрид, сите сопственици на објекти за изнајмување (апартмани, соби, вили, хотели) може да закупат паркинг место на паркингот „Горна Порта” за потребите на своите гости. За повеќе информации за целокупната постапка, може да се обратат секој работен ден кај службите на ова јавно претпријатие. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави