Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за лице од Франгово поради агресивно и непристојно однесување во угостителски објект

Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти јули 2019 година, во СВР Охрид било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Коста Абраш“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир.

– Пријавено е агресивно и непристојно однесување од страна на 40-годишниот Д.А. од струшкото село Франгово. Тој бил приведен во Полициска станица и против него, според одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави