Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Со четири засилувања, ГФК Охрид Лихнидос ги почна подготовките за новата сезона

Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ги стартуваа подготовките за новата сезона во Втората лига Запад.

По осум сезони, Охрид е повторно во второлигашкото фудбалско друштво. Во новата сезона тимот оди засилен со тројца фудбалери, Љупче Трпески, Александар Целески и Мартин Лекоски од Кораб и голманот од Победа, Даниел Котевски.

Официјалниот старт на натпреварите во есенската полусезона е на 24-ти август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: OhridSport

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави