Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Успешно прво издание на Интернационалниот годишен концерт на хорска музика

Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Католичката црква во Охрид се одржа првото издание на Интернационалниот годишен концерт на хорска музика, во организација на градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“.

По успешниот настап во Романија, нашите хористи се покажаа и како одлични домаќини, искуставата од меѓународните хорски концерти ги пренесоа во Охрид, овозможувајќи на дел од нивните колеги со кои се среќаваат на фестивалите во земјава и странство да уживаат во убавините на градот.

На концертот со традиционални и духовни композиции настапија хорови од Македонија, Србија, Бугарија и Косово.

Хористите сега одат на заслужен летен одмор, а на пробите се враќаат во септември. Следното гостување ќе им биде во Србија, на фестивал во Врњачка бања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави