Забава Избор

Комичарот и претседател на Украина го прогласи Чернобил за туристичка дестинација

Киев, 12. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се укинуваат претходните забрани за посета на чернобилската „зона на исклучување“ околу местото на катастрофата на нуклеарниот реактор во 1986 година и ќе се создаде „зелен коридор“ за туристите.

– Треба да го покажеме Чернобил на светот: на научниците, експертите за животна средина, историчарите и туристите – рече Зеленски.

Тој додаде дека потпишал декрет „кој ќе го отвори процесот за трансформирање на зоната на исклучување во една од новите точки на раст во Украина“.

– Пред се, ние ќе создадеме зелен коридор за туристите и ќе ги отстраниме предусловите за корупција – истакна Зеленски.

Според него, Чернобил, кој стана изненадувачки популарна туристичка дестинација, е голем извор на корупција.

Зеленски вети дека Чернобил наскоро ќе стане научно и туристичко место, кое ќе биде „симбол на новата слобода во Украина – без корупција и ноторни забрани, но со инвестиции и иднина“. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави