Избор Свет

Дубаи со бесплатна дозвола за купување алкохол за туристите

Дубаи, 12. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дубаи воведува 30-дневна бесплатна дозвола за купување алкохол, за туристите.

Посетителите на емиратот ќе можат да го добијат документот во секој објект на компанијата што ја врши продажбата на алкохол на мало.

При барањето на дозволата, странците треба да пополнат формулар со што потврдуваат дека се туристи. Службениците притоа прават копија на пасошот, како и на страницата со печатот за влез во Дубаи.

Туристите со тоа ќе добијат и листа на правилата за јавно поведение во државата. Досега дубајските власти издаваа ваква дозвола само за странци со двегодишен постојан престој во емиратот. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави