Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Скопјанец загина во вчерашната сообраќајка кај Климештани

Охрид, 12. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) -Полицијата излезе со детали околу вчерашната сообраќајка што се случи кај Климештани.

Вчера околу 15:00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селата Ботун и Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(73) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид.

Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид изврши екипа од СВР Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука