Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Од полицискиот билтен: Тепачки во Охрид и Струга

Охрид/Струга, 14. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јули 2019 година, во 10:00 часот, на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 66-годишните И.В. и П.Ш., двајцата од Охрид.

Полициски службеници го привеле И.В. додека П.Ш. го упатиле во Општата болница во Охрид. Против нив, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 13-ти јули 2019 година, во 15:30 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Д. врз неговиот брат, 67-годишниот А.Д., двајцата од струшкото село Корошишта. Против напаѓачот, Полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави