Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Ликовна изложба на уметникот со македонско потекло Мајкл Клос

Охрид, 15. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – В среда, во Куќата на Уранија – МАНУ, ќе биде отворена ликовна изложба на Мајкл Клос, канадски и светски уметник со македонско потекло.

Изложбата е во рамки на неговата најнова македонска, летна турнеја, но и дел од „Научната и уметничка визита – Охрид 2019” на МАНУ. Отворањето е во 20:00 часот, а ќе присуствува и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Изложбата, ќе трае до 24-ти јули, по што а потоа како проект на општина Охрид во Охрид, ќе биде формирана нова институција – постојана изложбена и продажна галерија.

Просторните и други потребни предуслови ги обезбедува градот Охрид, додека големиот уметник и хуманист, Мајкл Клос, уметничките дела, ги дарува без надоместок, со единствена со желба и барање, со собраните средства, да се стипендира еден студент од Охрид.

No photo description available.

Мајкл Клос, дел од своја оставнина, како писма, документација и други архивски материјали сврзани со неговиот живот и дело, веќе пренесе во сопственост на земјава. Станува збор за многу оригинални документи, дневникот што го водел во три книги, слајдови, каталози, писма до светски лидери со кои лобирал за признавањето на Република Македонија под уставното име, како и една колекција цртежи и слики на платно.

Тоа богатство, најнапред е своина на Охрид, градот од каде потекнува неговата животна и уметничка друшка – Менка Змејкоска Клос. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави