Избор Спорт

Атлетичарот Јован Стојоски шести на Еворпското првенство за млади сениори

Јавле, 15. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“, репрезентативецот Јован Стојоски заврши на шестата позиција на трката на 400 метри на Европското атлетско првенство за млади сениори што се одржа во Јавле, Шведска.

Стојоски во финалето патеката ја истрча за време од 47,01 секунди, подобрувајќи го за една стотинка неговиот резултат од полуфиналето.

Инаку ова беше историски успех за Охрид и Македонија со оглед на тоа што за првпат во историјата на домашната атлетика имавме претставник во финалето на вакво европско првенство.

На првенството на трката од 400 метри првото место му припадна на Саиди Фабрисио (Франција) со време од 45.79, втор беше Калмерс Камерун (Велика Британија) со време од 45.92, додека бронзениот медал му припадна на Лопез Брајан (Италија) со време од 46.16. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави