Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

ДЗС започна камања за заштита од шумски пожари

Скопје/Охрид, 16. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со поддршка на ЕВН, од вчера започна кампања за заштита од пожари на цела територија на Републиката преку едуцирање на населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори за заштита во случај на шумски пожари.

Дел од активностите на кампањата вклучуваат делење на прирачници за намалување на заканите од пожари, поставување на едукативни постери на повеќе места низ Градот Скопје, на наплатни станици и на излетничките места.

Целта на оваа кампања е да се делува превентивно и едукативно, преку подигнување на свеста на населението за сите можни ризици што пожарите ги носат како катастрофа, бидејќи влегуваме во таканаречен критичен период во годината за појава на пожари на отворен простор. Намалувањето на заканите од пожари е само најава за низата кампањи кои ќе се водат под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“, а ќе вклучуваат кампања за намалување на последиците од поплави, земјотреси и други катастрофи предизвикани од природата и човекот. Една од поважните проекти на кој работи тимот на експерти при Дирекцијата за заштита и спасување е изготвување на семејниот прирачник кој ќе биде промовиран на есен“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави