Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнува второто издание на Beach Film Festival во Охрид

Охрид, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со проекцијата на филмот за млади „Los Bando“, вечерва на плажа „Оревче“ во Охрид започнува второто издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival.

Станува збор за интердисциплинарен настан кој ќе трае до 21-ви јули и е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. Со својот иновативен концепт, Beach Film Festival се издвојува од досегашните фестивалски стандарди, а свеченото отворање е закажано за утре.

No photo description available.

Планирани се проекции на 7 долгометражни и 20 краткометражни филмови. Голем дел од филмовите селектирани на нашиот фестивал се селектирани и наградувани на реномирани светски фестивали како Sundance, Berlinale, Cannes Film Festival итн. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави