Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

„Културолошка иницијатива 5 до 12“: Промовирана песнарката „Охридски музички бисерник“

Охрид, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пред бројни гости, како дел од алтернативното културно лето во Охрид, „Културолошка иницијатива 5 до 12“ синоќа во кафе барот „Кадмо“ беше промовирана песнарката „Охридски музички бисерник“, а се одржа и Jam session, во чест на младиот охридски музичар Андреј Лаброски.

Песнарката ги содржи мелографирани сите песни снимени од нашите претходници, односно ансамблот „Билјана“ под раководство на Кузман Поп Стефанија, изјави неодамна за рубриката „Имам нешто да ти кажам“ со Јован Цветкоски, која од денес започна на Супер радио и OhridPress, Јован Поп Стефанија од ансамбл „Билјана“.

Image may contain: 5 people, people sitting and indoor

Содржи 66 композиции, од кои 62 песни и 4 ора. Андреј Лаброски овој проект го започна во 2016 година, но за жал не доживеа да го промовира, па затоа тоа го правиме сега во негова чест. Промотор на оваа песнарка беше хроничарот на градот и новинар Владо Жура.

Настанот веќе втора година се одржува на 16-ти јули, денот кога беше роден Андреј Лаброски.

Image may contain: 3 people, crowd and indoor

Песнарката „Охридски музички бисерник“ ќе се продава по цена од 400 денари, а дел од средствата од продажбата ќе бидат наменети за помош за лекувањето на младиот музичар од Струга, Мартин Стојаноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави