Спорт

Елмас деновиве ќе потпише за Наполи

Истанбул, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Елиф Елмас до крајот на неделава ќе го официјализира својот трансфер во Наполи. Ова за италијанските медиуми го потврдил првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

„Вистина е, до крајот на неделава Елмас ќе дојде во Наполи“, рекол Де Лаурентис.

Во наредните денови клубовите треба да ги завршат сите формалности околу трансферот, по што македонскиот репрезентативец ќе пристигне во Наполи на лекарски прегледи, а откако ќе го потпише договорот ќе му се стави на располагање на тренерот Карло Анчелоти.

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави