Забава Избор

Пронајдена порака в шише од пред 50 години

Мелбурн, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Риболовец од Австралија на интернет објави порака во шише што ја пронашол на јужниот австралиски брег и за којашто верува дека е стара 50 години.

Според Пол Елиот, тој и неговиот син го пронашле шишето за време на рибарење. Авторот на пораката е извесен Пол Гибсон, 13-годишно момче од Англија кое патувало од градот Фрементл до Мелбурн, источна Австралија. Сега рибарот е во потрага по 60-годишниот човек.

Океанографот Дејвид Грифин изрази неверување дека шишето можело да плови 50 години на ова место, оти – „океанот не мирува”.

– Шишето најверојатно било закопано во песокот на брегот, а потоа невреме го одвлекло во морето. Да било фрлено в море на југот на Австралија, невозможно е да остане на истово место подолго од година или две – смета Грифин.

Според британски медиуми, стотици илјади Британци во 1960-тите емигрирале во Австралија, но барем четвртина од нив се вратиле во татковината, оти новата земја не ги исполнила нивните очекувања. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука