Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Контроли за откривање на сторители при нелегална сеча на огревно дрво во Франгово, Мали Влај и Вишни

Струга, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти јули 2019 година, во периодот од 02:00 до 08:00 часот на подрачјето на струшките села Франгово, Мали Влај и Вишни, Регионалниот центар за гранични работи Запад спроведе акциска контрола за откривање на сторители при нелегална сеча на огревно дрво.

– Притоа, полициски службеници откриле и фатиле девет државјани на Република Албанија, од кои дел оствариле илегален влез, а дел легално влегле, но престојувале во Македонија спротивно на целта на туристичкиот престој. Од лицата биле одземени моторни пили. По документирање на настанот против лицата ќе бидат преземени соодветни мерки, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави