Спорт

Арсенал во финишот гo победија Баерн Минхен (видео)

Карсон, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Фудбалерите на Арсенал забележаа победа над Баерн Минхен (2:1) во пријателски натпревар одигран рамките на Меѓународниот куп на шампионите.

Во првото полувреме немаше голови, а видени беа само две шанси. Една не реализира Томас Милер во 32 минута, а неколку минути подоцна непрецизен беше и Месут Езил. Како победници од овие дуели излегоа голманите.

Второто полувреме започна со неколку добри шанси за постигнување на гол, а водство на Арсенал му донесе играчот на Баерн Луис Познански. Резултатот го израмни Роберт Левандовски во 77 минута, а на две минути до крајот 20 годишниот Едвард Нкетиа им донесе победа на „топџиите“. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави