Спорт

Нигерија ја освои бронзата на Африканскиот куп (Видео)

Каиро, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Фудбалската репрезентација на Нигерија го освои третото место на Африканскиот куп. Нигеријците во мечот за бронзата го победија Тунис со 1:0 (1:0).

Дуелот за третото место го реши напаѓачот на Нигерија Игало кој го совлада голманот на Тунис во третата минута од натпреварот.

Нигерија осми пат во својата историја го освои третото место на Африканскиот куп. Интересно Нигеријците секогаш победувале кога играле за бронзата.

Големото финале на Африканскиот куп на програмата е утревечер, а за титулата ќе се борат Сенегал и Алжир. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави