Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

ВОА: Катица Јанева и денеска не се појавила на работа во СЈО

Скопје, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Катица Јанева и денеска не се појавила во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), ниту пак поднела барање за боледување.

ВОА на македонски објави дека таа се’ уште не доставила никакво образложение за нејзиното отсуство, а според нивните информации нема контактирано ни со колегите.

Молкот на Јанева ги подгрева шпекулациите дека е поврзана со рекетирањето на бизнисмен осомничен од СЈО, истрага која ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал, а за која беа притворени Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кически. (Крај)

извор: ВОА фото: ВОА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави