Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Билетите за NUMB – Tribute to Pink Floyd на продажните места до 18:00 часот, потоа на влез во Cuba Libre

Охрид, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради големиот интерес, организаторите на вечерашниот концерт на NUMB – Tribute to Pink Floyd информираат дека билетите вечерва ќе се продаваат на продажните места до 18:00 часот.

– Сите заинтересирани, кои сакаат да бидат дел од големиот настан, можат билети да набават и на самиот влез во Cuba Libre, но по цена од 400 денари. Стартот е во 21:00 часот, и веќе е се’ подготвено за Музиката да се врати дома, информираат организаторите.

Билети по рекламна цена од само 300 денари до 18:00 часот се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ – чаршија и плажа Cuba Libre. Резервации на билети на 075/453-294, а резервации на маси во Cuba Libre на 075/357-545.

– Повелете на совршено, интимно музичко задоволство. NUMB – Tribute to Pink Floyd повторно во Охрид. Музиката се врати дома, додаваат од проектот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави