Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од Клубот на млади при Црвен крст Охрид доделени подароци на 40 волонтери-матуранти

Охрид, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На редовниот состанок на Клубот на млади при охридскиот Црвен крст, вчера беа доделени скромни персонализирани подароци на 40 волонтери-матуранти.

– Овој настан се случува трета година по ред и има за цел да го уважи трудот на волонтерите кои заминуваат на студии но во текот на нивното волонтирање во Црвен крст Охрид дале огромен придонес за креирање, развој и унапредување на програмските содржини. На волонтероте-матуранти им беа доделени шолји и со нивна слика од акција најдрага за нив носејќи ја униформата и амблемот на Црвен крст. При врачувањето на подароците, секој од волонтерите имаше можност од другите да слушне по што ќе биде запомнат и каков белег оставил за време на својот ангажман во рамките на Црвен крст, за позитивниот пример кој го давал на помладите волонтери и за животното искуство кое ќе го понесе од периодот на волонтирање, информираат од Црвен крст Охрид.

Подароците ги врачија Јованка Сион Доленц и Весна Терзиоска, долгогодишни волонтери, едукатори и мотиватори, кои работат со младинците вклучени во повеќето програмски активности на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Црвен крст Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави