Избор Македонија Партии ТОП ВЕСТИ

Мицкоски нема да се појави на лидерската средба в петок

Скопје, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да се појави на лидерската средба в петок, потврди денеска претседателка на Унијата на жени на партијата, Благица Ласовска.

ВМРО-ДПМНЕ, според Ласовска, останува на ставот дека ако воопшто се одржи лидерска средба на која ќе присуствува Мицкоски, тогаш таа ќе биде исклучиво за предвремени парламентарни избори.

– Како што пред неколку дена најави претседателот, нема да се појави на лидерската средба. И доколку има некаква лидерска средба, таа лидерска средба ќе биде само за разговор за предвремени парламентарни избори, рече Ласовска на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање. (Крај)

извор: ВОА фото: ВОА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави