Севилја го победи Ливерпул (Видео)
Бостон, 22. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Севилја, во Бостoн, забележаа победа над европскиот првак Ливерпул 2-1.
Ова беше еден вид реприза на финалето во Лига Европа од пред неколку години. Првиот гол го постигна искусниот Нолито во 37 минута. Една минута пред заминувањето во соблекувалните резултатот го израмни Дивок Ориги.
Севилја до победата успеа да стигна во претпоследната минута, кога младиот Алехнадро Пооцо постигна гол.
Инаку, претходно Жирос Њањон доби директен црвен картон поради грубиот старт врз фудбалерот на Ливерпул Јасер Ларуци. (Крај)
извор: Топспорт фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |