Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Јанева: Не сум ја злоупотребила должноста, на мојот наследник му оставам десетина затворени истраги подготвени за брзо процесирање

Скопје, 23. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно, не сум ја злоупотребила должноста којашто во моментов сѐ уште ја извршувам и јавно ги охрабрувам правосудните органи да ги расчистат сите околности за случајот „Рекет“, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на прес конференција.

Јанева излезе во јавноста првпат по една недела откако беше си поднесе оставка и си даде оставка од функцијата. Рече дека со депонирањето на оставката нема да влијае на случајот и очекува низ транспарентна постапка дека ке се разреши оваа ситуација.

– Ги охрабрувам правосудните органи до крај да го расчистат случајот. Точно е дека јас и многу други сега носители на државни функции, се познаваме со Бојан Јовановски, никогаш не сум криела дека син ми работи во 1ТВ и дека на дневна основа заради работни обврски комуницира со Јовановски, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја користи мојата службена должност за да остварува привилегии и незаконити дејства. Очекувам низ една транспарентна правосудна постапка да се стави крај на неофицијалните информации со кои некој се обидува да им наштети на моите чест и углед. За жал, до мене стигнуваат информации дека не само Јовановски туку и многу други го злоупотребуваат моето име за различни цели, рече Јанева.

Кажа дека остава на својот наследник остава десетина затворени истраги подготвени за брзо процесирање, кои ќе и дадат одговор на јавноста зошто некој со сите сили се обидувал да го спречи нејзиниот реизбор и со медиумска хајка да го загрози кредибилитетот на СЈО.

На прес конференцијата не беа дозволени новинарски прашања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука