Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Марихуана и кокаин пронајдени во возилата на две лица од Струга

Охрид, 23. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот С.Л. и 31-годишниот С.И., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– На 18-ти јули 2019 година во Охрид, полициски службеници извршиле претрес на пријавените и нивните возила. Притоа, во возилото „Форд Фокус“ што го управувал првопријавениот биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука